Connect with us

Други спортови

Тригодишна затворска казна за уценувач: Обезбедувач тајно го фотографирал Шумахер, баралe 15 милиони евра

Германскиот суд  осуди 53-годишен маж, именуван само како Јилмаз Т. на три години затвор поради уцена на семејството на Михаел Шумахер.

 Јилмаз Т. и неговиот 30-годишен син Даниел Л. се обвинети дека барале 15 милиони евра од семејството на Шумахер за да не објавуваат фотографии од легендата на Формула 1 по неговата тешка несреќа.


Татко и син од Вупертал се заканија дека ќе објават приватни фотографии и видеа од седумкратниот шампион во Формула 1 доколку не добијат пари. Нивната колекција содржи фотографии и снимки од Шумахер по тешката несреќа на скијање која му нанела сериозна повреда на мозокот. После тоа Шумахер повеќе не беше виден во јавноста. Таткото Јилмаз Т. доби тригодишна затворска казна, додека неговиот син е осуден на условна казна од шест месеци.

Јилмаз и Даниел ги добиле фотографиите од приватен чувар кој работел во резиденцијата на Шумахер во Швајцарија. Чуварот, идентификуван како Маркус Ф., доби условна казна од две години. Обвинителите заклучија дека поранешниот чувар на семејството продавал фотографии од Шумахер за, како што ја опишале, сума од пет цифри. Таткото и синот, кои го уценуваа семејството на Шумахер, ја признаа вината и изразија жалење на денешното последно судење.