SportM
Фудбал

Тројца играчи на Лајпциг платиле 8.000 евра на фризер да дојде од Париз и да ги „среди“ за Лигата на шампионите

Д М21 окт 2020
Тројца играчи на Лајпциг платиле 8.000 евра на фризер да дојде од Париз и да ги „среди“ за Лигата на шампионите

Фудбалерите на Лајпциг синоќа на домашен терен го совладаа Башакшехир со 2:0 во натпреварот од првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Германскиот клуб успеа да стигне до три бода без некои поголеми проблеми, а натпреварот го одбележа левиот бек на оваа екипа, Анџелино, кој ги постигна двата гола.

Но, во центарот на вниманието пред натпреварот беа тројца играчи на овој тим, имено Дајот Упамекано, Норди Мукиеле и Чистофер Нкунку.

Имено, за германската јавност е неверојатно дека ова трио од Лајпциг платило дури 8.000 евра на фризер за да отпатува од Париз за да ги „среди“ за мечот против Башакшехир.

Зачудено, Нкунку и Мукиле се обидоа да го сокријат тоа од јавноста, но на крајот ги издаде фризерот кој се пофали колку пари заработил на едно патување во Лајпциг.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.