Тројца играчи на Сити отворено изразија незадоволство од моменталната состојба

Според „Атлетик“, Габриел Хесус, Рахим Стерлинг и Ајмерик Лапорт не се задоволни од нивната улога во тимот оваа сезона.
Пеп Гвардиола искористи голем број играчи во текот на оваа сезона и многу ротираше, но некои не се најсреќни во врска со тоа. Според Атлетик, Хесус, Стерлинг и Лапорт изразиле отворено незадоволство од моменталната состојба.
Со можни пристигнувања, заминувањата ќе бидат важни за да се врати финансиската рамнотежа и повторно да се активираат сите играчи во тимот, а токму Стерлинг се смета за еден од играчите што се наоѓа на трансфер листата.
Лапорт собра вкупно 27 настапи оваа сезона и постигна два гола, Хесус има 42 настапи со 14 погодоци и Стерлинг 49 со исто така 14 погодоци. Лапорт не играше во финалето од Лигата на шампионите во саботата, Хесус влезе подоцна, додека Стерлинг беше стартер и помина 77 минути на теренот.
Сити ги освои Лига купот и Премиер лигата, но не успеа да ја освои и Лигата на шампионите. Граѓаните беа совладани од Челзи со 1-0 во финалето во саботата.
Ова лето очигледно ќе има сериозни промени во тимот, а некои од играчите кои Сити особено сака да ги донесе се Хари Кејн од Тотенхем и Џек Грилиш од Астон Вила.



