Фудбал
Цел стадион плачеше, а и тој, ова се емоции (ВИДЕО)
Имаше солзи, цел стадион плачеше! Хесус Навас, веројатно најомилениот играч кој некогаш го имала Севиља, го напушти теренот „Рамон Санчез Пичуана“ во 84. минута од натпреварот против Кадиз. Тоа беше негов 500. натпревар во дресот на саканиот клуб, а тој плачеше додека го напушташе теренот. Ова е последна сезона за него во дресот на Севиља.
😢 Jesús Navas's final send off for Sevilla was just as emotional as you would expectpic.twitter.com/Iq0R4smn7D
— COPA90 (@Copa90) May 16, 2024
Тоа беше неговиот 500-ти натпревар за Севиља, клубот во кој се приклучи на 15-годишна возраст и каде што го имаше своето деби во ноември 2003 година против Еспањол. Започна како крило, одигра веќе над 300 натпревари, а потоа замина во Манчестер Сити. Се врати четири години подоцна во 2017 година кога никој не очекуваше дека ќе издржи до 2024 година кога се надева дека ќе биде во составот на Шпанија за Европското првенство! Ќе видиме дали ќе ја заврши кариерата на еврото, но со Севиља успеа да освои два Купа на УЕФА и две Лига Европа, да го освои шпанскиот Суперкуп, Суперкупот на Европа, а на 500-от меч за оваа екипа, целиот стадионот го испрати со неверојатен аплауз!
А неговата врска со Севиља е толку посебна што му направи проблеми. Тој често имал напади на паника како помлад кога ја напуштил Севиља и не се знаело дали некогаш ќе може да го напушти клубот. На крајот остави голема трага и во Англија, освои титула, два купа и одигра 183 натпревари за Сити. Сега е во игра да биде заменет, кој друг ако не уште еден бисер од младинската школа на Севиља – Хуанлу Санчез!