Црната листа на Покетино – Седуммина можат да си одат!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино ги фрла коцките, а во својот тим не гледа седуммина од своите сегашни членови на тимот.
По поразот од Евертон, Покетино јавно објави дека сака средба и детална анализа со раководството на клубот, за да може Челзи да излезе на пазарот и да се обиде да се засили.
Извори блиски до клубот тврдат дека Покетино подготвил список на играчи за кои Челзи треба да ги слушне и да ги прифати најдобрите понуди, а тоа се – Нони Мадуеке, Трево Чалоба, Армандо Броја, Марк Кукуреља, Мало Густо, Аксел Дисаси и Јан Матсен.
Работата да биде уште полоша, дури четворица играчи од списокот пристигнаа во Челзи во изминатата година, а за нив беа потрошени близу 200 милиони евра, а тоа се Кукуреља, Дисаси, Густо и Мадуеке.
Покетино наводно сака засилување во сите линии на тимот, сигурен стопер, централен играч за врска и напаѓач, чии имиња се уште се во темнина. Единствено се знае дека главната цел ќе биде Виктор Осимен, кој се “регрутира” а е со посредство на легендата на клубот – Џон Оби Микел.
Останува да видиме дали Челзи ќе успее да ги продаде играчите кои скапо ги плати и им даде повеќегодишни договори, некои дури до 2029 и 2030 година…



