Црвена Звезда со заостаток по спектакуларен меч во Хаифа

Макаби Хаифа ја победи Црвена Звезда со 3:2 во првиот натпревар од баражот за пласман во Лигата на шампионите.
Во Израел беше забележан феноменален напаѓачки натпревар, а на крајот победија домашните и следната недела со предност доаѓаат во Белград.
Макаби влезе офанзивно во натпреварот и поведе во 18. минута. Францди Пјеро погоди за предност на домаќините од 1:0.
Црвена звезда потоа се буди и до крајот на првото полувреме српскиот шампион прави голем пресврт. Најпрво во 27. минута Пешиќ со многу среќа погоди по ударот на Катаи за 1:1, а потоа во 40. брилијантно погоди Гелор Канга за пресврт и водство на гостите од 2:1.
Со овој резултат одиме на одмор, а за само 15 минути домашните остваруваат пресврт.
Пјеро вечерва по вторпат погоди во 51. минута. Добро испрати центаршут и го чекираше Борјан за 2:2.
Десет минути подоцна Макаби прави 3:2. Овој пат Тјарон Чери најде пат до мрежата за ново водство на израелскиот шампион.
Потоа следеше период на многу мирен натпревар. Тоа траеше до самиот крај кога Црвена Звезда успеа да создаде неколку шанси пред голот на Макаби. Сепак, резултатска промена немаше и Макаби оди во Белград со 3:2 од овој меч.
Реваншот меѓу Црвена звезда и Макаби Хаифа ќе се одигра во вторник во Белград.
Бенфика во Лоѓ го совлада Динамо Киев со 2:0 и дојде на чекор до пласман во Лигата на шампионите.
Португалскиот гигант ги постигна двата гола во првото полувреме. Гилберто погодија во деветтата минута и Рамос во 37. минута за конечни 2:0.
Реваншот треба да биде само работа за Бенфика и најверојатно тимот од Лисабон ќе го гледаме во групната фаза од Лигата на шампионите.



