SportM
Фудбал

Тухел ги дочека своите „пет“ минути: „Прашајте ги Матеус и Хаман што беше добро“

Д М6 ное 2023
Тухел ги дочека своите „пет“ минути: „Прашајте ги Матеус и Хаман што беше добро“

Баерн во саботата ја декласира Борусија во Дортмунд со 4:0 и на вистински начин реагираше на дебаклот и сензационалната елиминација од Купот на Германија од третолигашот Сарбрикен.

Со голем триумф во дербито во Бундеслигата, Баварците им одговорија и на критичарите кои напаѓаа од сите страни во последните денови, а меѓу нив најгласни беа поранешните асови Лотар Матеус и Дитмар Хаман.

По „класикот“, тренерот на Баерн, Томас Тухел имаше порака за двајцата.

„ Што направивме добро на дербито? Освен лошата атмосфера и игрите? Лотар сигурно знае, ако не знае, тогаш знае и Хаман “, рече Тухел и додаде.

„ Одигравме одличен натпревар, создадовме многу шанси и постигнавме четири гола. По победата од 4:0, сите новинари се предомислија. Во ред, вие завршете ја својата работа, но јас нема да учествувам во неа“, рече Тренерот на Баерн .

По десет одиграни кола, Баерн е втор во Бундеслигата со 26 бода, што е два помалку од водечкиот Баер од Леверкузен.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.