Тухел: Глупаво е да се мисли дека сме во борбата за титулата

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел е фрустриран од фактот што не може да смета на голем број свои играчи поради позитивните тестови за коронавирус и повредите.
„Сините“ освоија само бод во дуелот со Брајтон, бидејќи примија гол во првата минута од судиското обештетување.
Челзи сега заостанува осум бода зад лидерот во шампионатот, Манчестер Сити. Запрашан дали неговиот тим може да се бори за титулата, Тухел одговори:
„Како сме воопшто во таа борба? Имаме седум заразени момци. Дури пет или шест играчи се надвор од тимот шест или повеќе недели. Како да се бориме за титулата? Сите други кои имаат комплетни тимови тренираат максимално, имаат сила да го сторат тоа. Би било глупаво да мислиме дека можеме да ја освоиме титулата со толку многу отсутни играчи“.
Натпреварот против Брајтон го одбележаа и повредите на Рис Џејмс и Андреас Кристенсен.
Следниот натпревар на Челзи е против Ливерпул. Дуелот на Стемфорд Бриџ е закажан за 2 јануари.



