Тухел го блокираше трансферот на својот играч: Вознемирен сум од тоа што го прави Барселона

Цезар Аспиликуета, капитенот на лондонски Челзи, веќе правеше планови за преселба во Барселона, но тренерот на лондонскиот тим Томас Тухел го блокираше трансферот.
Барселона на 20 јули успеа да се договори со Челзи за трансфер на Цезар Аспиликуета, пренесуваат шпанските медиуми.
Шпанскиот дефанзивец е во последната година од договорот со Челзи, а Барселона за трансферот понуди пет милиони евра.
Томас Тухел ја блокираше оваа трансакција иако самиот фудбалер сака да се пресели на Камп Ноу.
„Ова е тешка ситуација, бидејќи не сакам да му го дадам на Аспи тоа што го сака. Во одреден момент се работи за тоа што го сакаме. Знам колку се боревме да го донесеме Калиду Кулибали, многу важен играч за Наполи и националниот тим.
Имаме шпански репрезентативец кој е капитен на Челзи. Го гледам на исто ниво како Кулибали и мислам дека Барселона не го гледа на тоа ниво. Не сакам да му го давам тоа што го сака бидејќи тој е многу важен играч за нас.
Не размислувам за други клубови, фокусиран сум на потребите на Челзи. Директно му кажав, иако лично го разбирам. Но, не сум во оваа позиција само да му го дадам она што го сака.
Јас сум менаџер на Челзи и ќе дадам се од себе за Челзи. Не му се допадна мојата порака, но разбра. На Аспи му е тешко, бидејќи постојано е под притисок од друг клуб.
На први септември, кога работите ќе се смират, сигурен сум дека Аспи ќе игра за нас на највисоко ниво. Да, малку сум вознемирен од она што го прави Барселона. Но, се трудам да направам се за Челзи“, изјави Тухел.
Да потсетиме, Цезар Аспиликуета пристигна во Челзи летото 2012 година од Олимпик Марсеј и прерасна во еден од најважните играчи на клубот.



