SportM
Фудбал

Тухел: Го пуштивме Лукаку затоа што сакаше да си оди

Д М15 јул 2022
Тухел: Го пуштивме Лукаку затоа што сакаше да си оди

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, потврди дека Ромелу Лукаку сакал да ги напушти сините и не е сигурен дека ќе се врати.

Да потсетиме, белгискиот фудбалер замина на позајмица во Интер.

 

„Тој е на позајмица, но…“ започна Тухел, а потоа продолжи:

 

„Решивме заедно со сопствениците на клубот да го пуштиме да си оди. Тој сакаше да оди, имаше можност и решивме да го пуштиме…Сега го доведовме Рахим Стерлинг, што ни дава флексибилност, многу мобилност, многу опции за напад, дури и ако не донесеме повеќе играчи“.

Во договорот за заем не постои задолжителна откупна клаузула.

 

„Со оглед на тоа што е само на позајмица, секако дека постои шанса подоцна да го откупат. Ќе видиме што ќе се случи во текот на сезоната…но не е мое да размислувам за тоа. Јасно е дека постои голема можност за тоа“.

 

Лукаку отворено призна дека неговата преселба во Челзи од Интер во летото 2021 година била грешка.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.