SportM
Фудбал

Тухел: Мбапе и Нејмар се фантастичен тандем

Д М8 окт 2018
Тухел: Мбапе и Нејмар се фантастичен тандем

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел упати пофални зборови за играта на Килијан Мбапе кој синоќа во триумфот над Олимпик Лион (5:0) постигна четири гола. Германскиот стручњак смета дека Мбапе во тандем со Нејмар се една од најдобрите офанзивни двојки.

– Имаме одлични фудбалери, а за тандемот Нејмар – Мбапе можам да кажам дека е фантастичен. Тие се вистинска опасност за противничките голмани. Секако, тука се и Кавани, Ди Марија и другите. Воопшто целиот тим кога функционира резултатите доаѓаат, рече Тухел.

ПСЖ има максимални девет победи по девет рунди во Лига 1 и е убедливо прв со 27 бода, пред Лил со 19.

„Светците“ се првиот тим во историјата на Француското фудбалско првенство со низа од девет победи од почетокот на сезоната.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.