SportM
Фудбал

Тухел пред адот на Ацтека: Невозможно е да се приспособиме, но сме подготвени

Редакција2 јул 2026
Тухел пред адот на Ацтека: Невозможно е да се приспособиме, но сме подготвени

Пред осминафиналниот натпревар на Светското првенство 2026, селекторот на репрезентацијата на Англија, Томас Тухел, ги сподели своите очекувања и размислувања за прилагодувањето на условите пред дуелот со Мексико. Натпреварот е закажан за ноќта меѓу 7 и 8 јули на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити.

„Веројатно еден од најубавите и највозбудливи натпревари што воопшто може да се замислат. Да играме против Мексико на ‘Ацтека’ нè очекуваат многу, многу пречки. И тоа без воопшто да ја спомнеме надморската височина, која ќе биде огромна непријатност, затоа што физички нема да успееме да се приспособиме на неа за четири дена. Тоа е едноставно невозможно. Веројатно ќе се појават и нови предизвици“, изјави Томас Тухел.

И покрај тешкотиите, германскиот стратег зрачи со самодоверба во однос на својата селекција. „Но ние сме подготвени. Можеби дури ни се потребни вакви потешкотии. Сега имаме идеална платформа искрено да веруваме во нашата подготвеност и во тоа дека, кога ќе стане тешко, ќе ги пронајдеме вистинските одговори“, додаде селекторот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.