Тухел за повредата на Нејмар: Се надевам дека не е ништо сериозно
Д М29 окт 2020

Фудбалерите на ПСЖ стигнаа до важна победа во 2. коло од Лигата на шампионите на гостувањето кај Башакшехир.
По поразот на домашен терен од Манчестер Јунајтед, ПСЖ прилично потресен пристигна во Турција. Сепак, играчите на францускиот клуб успеаја да слават 2:0, но сепак загрижени го напуштија Истанбул.
Имено, во 26-та минута Нејмар ја напушти играта поради повреда, а денес ќе биде јасно за каква повреда станува збор.
Тренерот на ПСЖ, германскиот стручњак Томас Тухел, се надева дека повредата не е сериозна.
“Се надевам дека повредата не е сериозна. Денес ќе ги знаеме резултатите од деталното испитување. Има одреден проблем со адукторот на бутниот мускул”, рече Тухел.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



