Удар за Интер: Лукаку ги пропушта Милан и Баерн
Д М29 авг 2022

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, поради повреда ќе отсуствува еден месец.
Белгискиот напаѓач го повреди бутниот мускул, а тестовите покажаа дека ќе биде надвор од теренот на сериозна пауза. Се шпекулира дека тој ќе биде надвор од терените цел месец.
Секако, Лукаку ќе го пропушти градското дерби против Милан, но и отворањето на Лигата на шампионите против Баерн. Сè уште се очекува да ги пропушти натпреварите против Кремонезе и Удинезе, како и со Викторија Плзен, а Симоне Инзаги се надева дека ќе се врати на терените во уште едно дерби против Рома на 4 октомври.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



