SportM
Фудбал

УЕФА подготвува големи промени од новата сезона: Фудбалот никогаш повеќе нема да биде ист

Д М3 авг 2022
УЕФА подготвува големи промени од новата сезона: Фудбалот никогаш повеќе нема да биде ист

УЕФА подготвува нови револуции во фудбалот.

Веќе од оваа сезона натпреварите нема да бидат исти за гледање.

Претходно беше пуштена во употреба ВАР технологијата, со цел да им се олесни на судиите, но и да се намалат грешките кои би можеле да имаат влијание врз крајниот исход на натпреварот.

Не завршува тука, УЕФА за новата сезона подготвува воведување на SAOT технологијата за помош на ВАР.

Споменатиот експеримент ќе се користи во финалето на Суперкупот на Европа како и во натпреварите од групната фаза од Лигата на шампионите во новата сезона.

SAOT технологијата е систем каде софтверот овозможува следење на секој играч на теренот и брза реакција во случај на офсајд позиција.

ФИФА веќе некое време ја тестира споменатата технологија која сака да ја примени на Светското првенство во Катар, а сега УЕФА дошла на идеја да ја испроба во својот клупски фудбал.

ВАР линиите за време на офсајд позициите создадоа многу сомнежи кај судиите, но предизвикаа и реакции кај гледачите, но со помош на SAOT технологијата и овде работите треба да бидат појасни.

ФИФА и УЕФА дефинитивно се повеќе го приспособуваат фудбалот на модерната технологија, а наскоро би можела да се создаде програма која би предупредила на движењето на голманот пред линијата при изведување пенали, но тоа е уште далеку.

Во Холандија во новата сезона во пониските рангови ќе се демонстрираат нови правила како шутирање и хокеј замени, како и казна за играч кој ќе добие жолт картон казната би била пет минути разладување. теренот, слично на суспензија во ракометот.

Сигурно е дека во наредните години фудбалот повеќе нема да биде истата игра како што сме навикнати.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.