Фудбал
УЕФА следната сезона менува три правила во ЛШ, еве кои!?

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) е подготвена да воведе три нови правила во Лигата на шампионите за следната сезона, без разлика што се уште трае нокаут фазата, пишува германски Билд. Имено, од следната сезона треба да стапат во сила нови правила кои би можеле значително да го променат натпреварувањето, а се ќе биде решено на 30 мај на состанокот на УЕФА.
Првото правило е воведување пенали наместо продолженија, поточно укинување на продолженијата, па во случај на нерешен резултат веднаш би отишле на пенали. Потоа следува правилото за предност на домашен терен за најдобро пласираните тимови, што е слично на она што веќе постои во кошарката.
Екипите кои ќе обезбедат Топ 8 по групната фаза од лигата ќе имаат предност на домашен терен во четврт-финалето и полуфиналето во зависност од нивната позиција. Последното правило би било повторно воведување на „заштита на земјата“, поточно враќање на стариот систем каде тимовите од истите земји можеа да се сретнат само во подоцнежните фази од Лигата на шампионите. За потсетување, Лигата на шампионите за прв пат оваа сезона се играше во нов лигашки формат со 36 екипи наместо во претходната групна фаза.