Аргентинците тешко поднесуваат пораз, тепачка и црвени картони (ВИДЕО)

Аргентина ја загуби титулата светски шампион, а потоа ги загуби и нервите. Наместо да им честитаат на Шпанците по поразот од 1:0 по продолженијата, последниот судиски свиреж предизвика масовно туркање меѓу фудбалерите, а во центарот на немилите сцени се најде Леандро Паредес.
This angle of the Argentina-Spain fight after the game 😳 pic.twitter.com/EQZHSwwuMU
— BrickCenter (@BrickCenter_) July 20, 2026
Аргентинскиот играч од средниот ред најпрво физички го нападна Ерик Гарсија, по што се вмеша Гави. Потоа Паредес тргна и кон него, неколкупати замавнувајќи со тупаница, додека неговите соиграчи и членовите на аргентинскиот стручен штаб се обидуваа да го смират.
По натпреварот му беше покажан црвен картон. Тоа беше втор црвен картон за Аргентина во финалето, откако Енцо Фернандез беше исклучен при самиот крај на регуларниот дел од натпреварот.
Поврзани вести

Еве го виновникот, Аргентинецот си ги местеше штуцните кога Торес го даде голот за победа на Шпанија (ВИДЕО)

Трамп му рекол на Инфантино: САД да бидат домаќини и на следното Светско првенство!

