Украинците го избраа стадионот за првиот меч по ослободувањето: „Штом ја ослободиме земјата од руските фашисти“

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Украина, Андриј Павелко изјави дека репрезентацијата на оваа земја првиот натпревар по ослободувањето ќе го одигра во Донбас Арената во Доњецк.
Руската агресија врз Украина донесе бројни жртви, а уништени се и бројни фудбалски игралишта, а оштетена е и познатата Донбас Арена во Доњецк.
На овој стадион украинската репрезентација ќе го одигра првиот домашен меч откако Украина ќе се ослободи од рускиот агресор.
„Навистина сакам и планот е да го одиграме првиот натпревар по војната во Донбас арената во Доњецк. Само да ја ослободам земјата од руските фашисти“, рече Павелко, а потоа додаде:

„Вториот натпревар би го организирал во градот Симферопол (Крим). Ова е местото каде што тимот на Таврија стана првиот шампион на Украина. Едвај ја чекам победата на нашата земја“, рече тој.
Донбас Арената некогаш беше дом на Шахтјор, но со години тимот од Доњецк игра натпревари во Киев.



