SportM
Фудбал

Украинците тврдат: Група навивачи на култниот клуб доброволно ѝ се приклучи на војската

Д М11 мар 2022
Украинците тврдат: Група навивачи на култниот клуб доброволно ѝ се приклучи на војската

Околу 20.000 доброволци од повеќе од 50 земји се пријавиле да им се приклучат на украинските вооружени сили.

Меѓу пристигнатите волонтери за одбрана на Украина е и групата ултраси на данскиот клуб Брондби ИФ, пренесува украинскиот портал Football.ua.

Тие ќе се борат со остатокот од украинската армија против рускиот окупатор, а навивачите од Данска наводно веќе се во близина на Киев.

„Првите доброволци на Меѓународната легија за територијална одбрана на Украина веќе се на позиции на периферијата на Киев. Има доброволци од Велика Британија, САД, Шведска, Литванија, Мексико, па дури и Индија“, објавија украинските вооружени сили на својот Твитер профил.

Снимена е и фотографија од навивачите на Копенхаген, но нивните лица биле скриени за да се заштити нивниот идентитет.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.