Умтити сака да го раскине договорот со Барселона
Д М8 окт 2021

Самуел Умтити сака да го раскине договорот со Барселона за да може слободно да избере нов клуб.
На францускиот фудбалер со камерунско потекло му е јасно дека тренерот Роналд Куман не смета на него, па сака да оди во клуб каде што би играл.
Од друга страна, Барселона, која е во финансиска криза, сака да се ослободи од сите фудбалери кои имаат високи примања, но не се во првите редови кај тренерите, за да го олесни буџетот.
Доколку наскоро се постигне договор помеѓу двете страни, Милан или Јувентус би можеле да го донесат 28-годишниот фудбалер без надомест оваа зима.
Овие два италијански клуба покажаа интерес за Умтити ова лето, но проблемот беа парите за обештетување.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



