SportM
Фудбал

Урнебесно видео, Хари Мегваер влечеше и маркираше свој соиграч, додека играчот на Хал непречено постигна гол (ВИДЕО)

Редакција24 авг 2026
Урнебесно видео, Хари Мегваер влечеше и маркираше свој соиграч, додека играчот на Хал непречено постигна гол (ВИДЕО)

Хари Мегваер повторно е во центарот на вниманието на социјалните мрежи. Имено, Манчестер Јунајтед загуби на стартот од новата сезона со 2:0 од Хал Сити, а дефанзивецот се најде во фокусот на критиките, бидејќи е посочен како еден од директните виновници за поразот. Имено, при една ситуација пред својот гол, Мегваер го влечеше и маркираше својот соиграч Мазрауи, додека противничкиот непречено од петерецот постигнува гол за 1:0. Критиките се уште поголеми, ако се знае дека Мегваер своевремено играше за Хал Сити, три сезони, од 2014 до 2017.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.