SportM
Фудбал

Уште 12 заразени со коронавирус во англискиот фудбал

Д М17 јун 2020
Уште 12 заразени со коронавирус во англискиот фудбал

Осум лица од шест Чемпион шип клубови во Англија, тестираа позитивно на тестовите за коронавирус во изминатата недела. Веста ја потврди и англиската фудбалска лига (ЕФЛ), заедно со уште четири случаи од третата лига во Англија.

Резултатите беа објавени денес на 2.213 тестови извршени на играчи и членови на персоналот на 24 клуба кои се натпреваруваат во секундарната фудбалска лига во Англија.

Брентфорд потврди дека еден од осумте случаи е член на персоналот на нивниот клуб, преку објавување на социјалните медиуми, пред саботниот натпревар против Фулам.

Во меѓувреме, четири лица од два клуба во третата лига во Англија, имаат тестирано позитивно, додека Втората лига не пријавува заразени лица.

Поединци кои тестирале позитивно на овие тестови, сега ќе треба да се изолираат, во согласност со упатствата за ЕФЛ, и нема да им биде дозволено да се вратат во тренинг-кампот на клубот се додека не се добие негативниот резултат за вирусот „Ковид-19“.

Шампионатот ќе продолжи во сабота, со 108 натпревари до крајот на сезоната. Во меѓувреме, Прелиер лигата започнува во четврток, а Втората лига на 3 јули.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.