Connect with us

Фудбал

Уште еден американски сопственик во Серија А

Американската компанија „Presidio Investors“ го купи контролниот пакет акции во италијанскиот фудбалски клуб Верона од донеодамнешниот сопственик Маурицио Сети, пренесува Reuters. Во сопственост на САД се и Интер, Милан, Рома, Парма, Фиорентина, Венеција и Аталанта.

„Работевме напорно во последните неколку месеци за да го завршиме договорот. Подготвени сме да ги направиме нашите први чекори во овој историски град. Фудбалскиот клуб е составен дел на Верона и нејзините жители“, рече Президио Евентсрс.

Финансиските детали од договорот не беа откриени, но вредноста на клубот се проценува на околу 120 милиони долари.

Верона, која ја освои својата единствена титула во Италија во 1985 година, е 17-та во Серија А и моментално над зоната за испаѓање. Претходниот сопственик Сети ќе остане во клубот како генерален советник.