Уште еден клуб се вклучува во трката за Миралем Пјаниќ?

Јувентус, наводно, е заинтересиран да го потпише играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен, објави „Кориере дело Спорт“.
На репрезентативецот на Данска му преостанува само една година од длговорот со Тотенхем, а англискиот клуб се плаши дека ќе го загуби Ериксен бесплатно следното лето, па не ја исклучува можноста да го продаде во наредниот период.
Ериксен (27) се поврзува со Реал Мадрид, а наводно сега е на радарот на Јувентус, иако нема конкретни понуди од Старата дама.
Очигледно Јувентус копнее по поранешниот играч на Ајакс, и покрај тоа што ова лето веќе ги потпиша Адриен Рабиот и Арон Ремзи.
Со оглед на тоа што Маурицио Сари има голем број квалитетни играчи во средниот ред, во Тотенхем размислуваат за размена на играчи, па би го барале Миралем Пјаниќ за Ериксен. Пјаниќ го пратат бројни великани, а сега во трката се приклучи и тимот од северен Лондон.
За Јувентус, Пјаниќ одигра 135 натпревари, постигна 19 голови и забележа 36 асистенции. Тој претходно имаше 46 асистенции во Рома на 185 настапи.
Има 29 години, но Пјаниќ секако е во екот на кариерата, а во Јувентус се смета за клучен човек во играта под диригентската палка на Маурицио Сари.
Маурисио Покетино има релативно млад сет на опции за среден ред и можеби ќе треба да има малку поискусен играч, но прашање е дали Јуве е подготвен да го ослободи Пјаниќ.



