Уште еден одличен Норвежанец доаѓа во Бундеслигата? Баерн го сака фантастичниот напаѓач!

Баерн Минхен ќе се обиде да го засили напаѓачкиот дел од тимот со прилично интересен фудбалер.
Баварскиот гигант е заинтересиран да го донесе 24-годишниот норвешки напаѓач Александар Сорлот, човек кој е брилијантен оваа сезона во дресот на турскиот Трабзонспор.
Раководството на Трабзон направи одличен потег ангажирајќи го овој играч. Сорлот пристигна на позајмица од Кристал Палас и стана кошмар за голманите, постигнувајќи 25 голови на 39 настапи оваа сезона.
Со ваквите игри привлече големо внимание. За него владее голем интерес, а турскиот тим има можност да го купи за само седум милиони евра.
Тие веројатно и ќе го направат, но и веднаш би можеле да го продадат за многу поголема сума. Се проценува дека за Сорлот може да добијат од 25 до 30 милиони евра.
Баерн е една од екипите што сакаат да го видат овој фудбалер во своите редови, а ќе видиме дали Бундеслигата добиваат уште еден одличен стрелец од Норвешка во следната сезона.
Во моментот, Ерлинг Халанд е одличен во дресот на Борусија и нема дилема дека Сорлот е заинтересиран да се докаже во една од најголемите лиги.
Овој фудбалер во минатото играше за Гент, Мидтјиланд, Гронинген и Розенборг.



