SportM
Фудбал

Уште еден случај на коронавирус во англискиот фудбал: Не го сфатив сериозно ова, но сега…

Д М20 мар 2020
Уште еден случај на коронавирус во англискиот фудбал: Не го сфатив сериозно ова, но сега…

После Микел Артета и Калум Хадсон-Одои, денес е откриен нов случај на коронавирус во англискиот фудбал.

Напаѓачот на Вест Бромвич Албион, Чарли Остин откри дека имал коронавирус веќе седум дена и отворено проговори за сето она што му се случуваше од минатата сабота.

„Се чувствував како некој да ме испрска со кофа вода. Се гушев, но издржав сè затоа што сум во добра форма. Седум дена подоцна можам да зборувам слободно, дури и оние во нивните 20-ти и 30-ти години. Не го сваќајте ова несериозно затоа што е многу, многу сериозно“, рече Остин, кој се зарази на фестивал во Челтенхам.

„Не го сфатив коронавирусот сериозно, но сега и тоа како го сваќам“, додаде тој.

Остин поминал низ тешка фаза на вирусот и успешно се опоравува додека е сè уште во изолација.

Дури 250.000 луѓе присуствуваа на фестивалот во Челтенхам минатата недела, и не би било чудо доколку има многу повеќе заразени.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.