SportM
Фудбал

Уште една икона заминува од Јувентус, но и од Серија А: Капитенот има нов клуб од летото

Д М22 апр 2022
Уште една икона заминува од Јувентус, но и од Серија А: Капитенот има нов клуб од летото

Искусниот стопер Џорџо Киелини на лето го напушта Јувентус.

Дел од италијанските медиуми се убедени дека Киелини од лето ќе патува во САД и дека кариерата ќе ја заврши во МЛС.

Тренерот на Јувентус, Масмилијано Алегри најави радикални промени за следната сезона. Пауло Дибала ќе биде слободен играч, а списокот на играчи на кои Старата дама нема да смета се очекува да биде доста долг.

Киелини, кој долги години е еден од столбовите на одбраната на Јувентус, заедно со Леонардо Бонучи е подготвен да се впушти во нова авантура.

За Јувентус е тешко да најде вистинска замена за еден од најдобрите стопери во последните 15 години, кој одигра 556 натпревари за Јуве, што го става на третото место по бројот на настапи во дресот на торинскиот тим зад Алесандро Дел Пјеро и Џанлуиџи Буфон.

Договорот на Киелини истекува во јуни 2022 година и како слободен играч ќе го смени клубот, но се уште не се знае точно во кој ќе игра следната сезона.

Ветеранот дојде во клубот во 2004 година и со Јуве од Серија Б стигна до девет последователни Скудета, додека за италијанската репрезентација одигра 116 натпревари и постигна осум гола.

Како член на Италија го освои Европското првенство во 2021 година и беше клучен во тоа играјќи перфектна одбрана.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.