SportM
Фудбал

Уште малку остана до историја! Кристијано Роналдо наскоро ќе го „сруши“ интернетот со објава за Манчестер Јунајтед

Редакција30 авг 2021
Уште малку остана до историја! Кристијано Роналдо наскоро ќе го „сруши“ интернетот со објава за Манчестер Јунајтед

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо денеска ги помина медицинските прегледи и потпиша двегодишен договор со Манчестер Јунајтед , пренесуваат британските медиуми.

Роналдо ги напушти редовите на Јувентус во петокот, кога и официјално беше потврдено дека ќе се врати на „Олд Трафорд“.

Јунајтед се уште не потврди дека Роналдо потпиша нов договор, а британските медиуми шпекулираат дека вредноста на трансферот е 15 милиони евра со бонуси.

Во првиот мандат, Португалецот го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ од 2003 до 2009 година.

Претходно, Кристијано играше за Спортинг, а по Јунајтед, тој помина речиси една деценија во Реал Мадрид, пред да се пресели во Јувентус во 2018 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.