SportM
Фудбал

Утре пресудата против Карим Бензема: Обвинителот предложи казна за напаѓачот на Реал Мадрид

Д М21 окт 2021
Утре пресудата против Карим Бензема: Обвинителот предложи казна за напаѓачот на Реал Мадрид

Карим Бензема најверојатно ќе избегне затворска казна во судскиот процес против него и четворица други во судот во Версај.

Бензема е обвинет дека е соучесник во случајот на уцена против поранешниот соиграч Матје Валбуена.

Напаѓачот на Реал беше посредник помеѓу Валбуена и луѓе кои бараа пари за да не објават видео снимка од с*кс на кој е Валбуена, која пријавил се во полиција.

Судењето за овој случај започна вчера, а денеска обвинителот побара парични казни за овој случај.

Бензема на крајот може да помине без затворска казна. За него, обвинителот предложи казна од 10 месеци условно и парична казна од 75.000 евра.

Пресудата за овој случај ќе биде донесена утре.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.