Ужас во Франција, пукано во фудбалери на Марсеј!
Редакција20 мај 2024

Тројца фудбалери на Олимпик од Марсеј биле мета на криминалци кои се обиделе да ги ограбат, а во таа прилика пукале во нив во раните утрински часови. Локалниот „Ла прованс“ јавува дека нападот бил врз Жан Онана, Фарис Мумбана и Бам Меите, кои биле во колоната возила што тргнала од тренинг центарот на клубот.
Се се случи по враќањето од гостувањето кај Авр во претпоследното коло од Лига 1, каде тимот од Марсеј победи со 2:1. Наводно, криминалците се обиделе да им ги украдат автомобилите – Ренџ Ровер и Тојота Јарис, кои разбојниците ги запреле. Бегале од нападот, а потоа врз нив било пукано. За среќа, нема повредени, додека еден автомобил имал две дупки од куршуми на вратата, а еден автомобил бил погоден во задниот дел.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



