Вајналдум: Ова беше лесна победа, но допрва не очекуваат големите предизвици
Д М21 јун 2021

Македонија денеска го одигра последниот натпревар од првиот настап на ЕУРО.
Холандија успеа да слави со 3:0, Џорџино Вајналдум постигна два гола и беше одличен на натпреварот.
По натпреварот Вајналдум изјави дека, победата против Македонија беше лесна и дека допрва ги чекаат тешки предизвици.
“Мора да работиме повеќе и да бидеме пофокусирани како на претходните натпревари.
Се виде дека денеска немавме проблеми против Македонија, имаш и такви соиграчи кои помалку трчаа, но на следните натпревари ќе биде поинаку. Ова беше лесна победа, но допрва не очекуваат големите предизвици”, изјави Вајналдум.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



