SportM
Фудбал

Ван Дaјк му покажа на Клоп што да прави кога ги нема Салах и Мане (ВИДЕО)

Д М24 дек 2021
Ван Дaјк му покажа на Клоп што да прави кога ги нема Салах и Мане (ВИДЕО)

Одлични вести доаѓаат за Јирген Клоп и Ливерпул.

Вирџил Ван Дaјк се опорави од краткото отсуство поради болест и е подготвен за нова акција на црвените.

Ван Дaјк денеска одработи редовен тренинг со тимот и покажа дека болеста не оставила голема трага.

Покрај редовните тренинзи, Холанѓанецот покажа дека има одличен шут и чувство за удар како вистински напаѓач. Тој со удар од врвот на шеснаесетникот го совлада Алисон, а Салах прв му аплаудираше. Мане и Салах одат на Африканскиот куп на нации, па можеби Клоп нема да биде толку загрижен кога е офанзивата во прашање.

Ливерпул нема да го одигра својот прв Боксинг деј натпревар против Лидс во недела поради коронавирус во редовите на Лидс Јунајтед.

Тимот од „Енфилд“ денеска дозна дека полуфиналето на Лига купот ќе го игра против Арсенал на 6 и 13 јануари, откако го совлада Лестер во спектакуларен четвртфинален натпревар по подобро изведување пенали, a а во регуларниот дел го стигнаа заостанувањето од 1:3 и натпреварот заврши 3:3.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.