Ван Дајк веќе се чувствува како победник на Златната топка

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, изјави дека веќе се чувствува како победник, откако беше избран во потесниот избор за Златната топка во 2019 година.
Победникот на најпрестижната награда за најдобар играч на светот ќе биде објавен денес на грандиозната церемонија во Париз.
Напаѓачот на Барселона и Аргентина, Лионел Меси е фаворит за да ја освои наградата по шести пат, но се очекува тесна трка помешу него и Ван Дајк.
Ван Дајк, најзаслужниот човек во триумфот на Ливерпул во Лигата на шампионите минатата сезона и најдобар играч на УЕФА, се најде на второто место по Меси во гласањето за најдобриот играч на ФИФА во септември.
„Ќе бидам таму со причина и нема губитници оваа вечер. Јас сум многу среќен што сум во конкуренција со нив, да се биде таму заради начинот на кој играв за тимот и исто така за мојата земја минатата година“, рече Ван Дајк.
„Тоа е нешто што ве прави горд бидејќи не успеваат многу играчи. Ќе имаме победник, но не и губитник. Ќе видиме што ќе се случи“, додаде тој.



