Ван де Бик отпишан во Манчестер, на зима заминува во Серија А?

Холандскиот репрезентативец Дони ван де Бик се очекува да го напушти Манчестер Јунајтед во јануари.
Оле Гунар Солскјер му даде можности, но тој не ги искористи, па во голема мера беше отпишан на „Олд Трафорд“ и ќе мора да бара нова средина. Неколку клубови се заинтересирани за играчот, но се верува дека одењето во Серија А е најреална опција.
Јувентус и Интер се клубови кои бараат засилување во средниот ред, па се верува дека и двајцата ќе се обидат да го доведат Холанѓанецот од Манчестер Јунајтед, барем на позајмица до крајот на сезоната.
Стоперот на Јувентус, Матијас де Лихт играше со Ван Де Бик во Ајакс и наводно ќе разговара со него и ќе побара од него да дојде во Торино за да му помогне на Јувентус до крајот на оваа турбулентна сезона.
Јунајтед минатата година го плати играчот 45 милиони евра на Ајакс, а сега, се разбира, тие не можат да добијат толку пари.
На „Олд Трафорд“ сметаат дека Ван де Бик сепак вреди, затоа сакаат да го испратат на позајмица да игра, а потоа да го вратат во своите редови.



