SportM
Фудбал

Ван Нистелрој практично потврди, Гакпо ќе биде најголемиот трансфер во јануари!

Д М18 дек 2022
Ван Нистелрој практично потврди, Гакпо ќе биде најголемиот трансфер во јануари!

Тренерот на ПСВ Ајндховен и некогаш легендарен напаѓач, Руд ван Нистелрој беше запрашан за ситуацијата околу трансферот на Коди Гакпо, еден од најперспективните млади фудбалери во Холандија и момче кое, очигледно, очекува трансфер.

Доаѓа момент кога веќе не можете да кажете „не““, изјави Руд ван Нистелрој.

Беше одличен Гакпо на Мундијалот, докажа дека има голем потенцијал, а кој е заинтересиран?

Повеќе од другите, поранешниот клуб на споменатиот Нистелрој, Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ веќе се подготвени да одвојат 50 милиони евра во јануари, според некои информации, што според Руд ван Нистелрој би можело да биде сосема доволно.

Според она што се виде на Мундијалот, се чини дека е добра замена за Кристијано Роналдо…

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.