SportM
Фудбал

Ван Перси тврди дека Ван Гал го избркал од Јунајтед

Д М21 апр 2020
Ван Перси тврди дека Ван Гал го избркал од Јунајтед

Поранешата ѕвезда на Манчестер Јунајтед и холандската репрезентација, Робин ван Перси зборуваше за тоа како го напушти Јуанјтед во 2015.

– Имав разговор со Луис ван Гал и тој ми рече дека нашите патеки се разминуваат. Ми порача да заминам и дека моете време заврши. Јас му одговорив дека сè уште имам важечки договор, на што тој рече дека не му е грижа. Сурово е. На крајот на сезоната сфатив дека нешто се подготвува, но не толку сурово. И начинот на кој тој го кажа. Многу нешта ви доаѓаат во вашата глава кога ќе слушнете такви зборови, изјави Ван Перси.

Фудбалерот потоа имал нервозна реакција.

– Реков, да видиме што се случува. Ова е твоето мислење. Но, јас имам договор, и среќен сум во Англија во Манчестер јунајтед. И станав и заминав.

По ова статусот на Ван Перси во тимот не беше ист како порано.

-Не ми беше дозволено да тренирам со тимот. Ми дадоа топката и ми рекоа дека морам да тренирам самостојно. Се обидував да останм мирен. Ова сериозно влијаеше на мене, на моето семејство и на мојата кариера. Се обидов да се смирам, но можеби во тој момент беше корисно за мене да разговарам со некој надвор од мојот круг, но јас бев премногу тврдоглав за да го сторам тоа. Сега, гледајќи наназад, имаше неколку моменти во мојата кариера во кои морав да го сторам тоа, се присети Ван Перси.

Летото 2015 година, напаѓачот го напушти Манчестер јунајтед и се пресели во Фенербахче.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.