Connect with us

Фудбал

ВАР во Англија стана вистинска комедија: Дали Манчестер Јунајтед е тешко оштетен? (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед денеска беше поразен во Лондон од Арсенал со 3:1.

„Црвените ѓаволи“ добија уште една шлаканица бидејќи по Ливерпул денеска беа победени од Арсенал и со тоа целосно отстранети од местото кое на крајот од сезоната води во Лигата на шампионите.

На „Емирати“ гледавме одличен натпревар во кој Јунајтед пропушти неколку одлични можности, меѓу кои и пенал 2:1.

Сепак, ниту ова дерби не можеше да помине без полемики за ВАР во Премиер лигата. Имено, иако судиите денеска доста добро ја завршија работата, на крајот една ситуација фрли дамка на сето тоа.

Тоа се случи во првото полувреме кога Седрик играше со рака, што судијата не го сигнализираше, но на многумина не им е јасно како никој не реагираше од ВАР просторијата бидејќи беше очигледно дека се работи за пенал за гостите.

Забавена снимка од оваа ситуација беше прикажана само неколку минути откако Арсенал успеа да поведе со 2-1. Во видеото подолу погледнете ја контроверзната ситуација од Емирати.

Реклама

Facebook