SportM
Други

Вардар доби три бода на „зелена маса“, дисциплинска постапка против Воска Спорт

Редакција23 апр 2025
Вардар доби три бода на „зелена маса“, дисциплинска постапка против Воска Спорт

Натпреварувачка комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го регистрираше натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ службен резултат, 0:3;

ФК Воска Спорт АД е предадена на дисциплинска комисија поради напуштање на теренот на натпреварот ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД  од 28. коло во Прва МФЛ;

ФК Воска Спорт АД  е предадена  на дисциплинска комисија поради слаба организација (навредливо, некоректно и недолично скандирање на домашнита публика ) на натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД  од 28. коло во Прва МФЛ;

Арбри Клодиан – тренер на ФК Воска Спорт АД и Агон Хани – капитен на ФК Воска Спорт АД се предаваат на Дисциплинска комисија поради повикување на фудбалерите на ФК Воска Спорт АД да го напуштат теренот на натреварот ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД  од 28. коло во Прва МФЛ;

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.