Ракомет
Вардар е во четвртфинале
Ракометарите на Вардар вечерва остварија победа во последниот натпревар од групата совладувајќи го бундеслигашот Мелсунген со 34:25 и со тоа го освоија првото место во групата и директен пласман во четвртфиналето од Лига Европа. Пласманот во четвртфиналето значи дека „црвено-црните“ ќе бидат слободни во следната фаза.
Избраниците на Иван Чупиќ од почетокот покажаа дека се подготвени за триумф и поведоа со 6:1. Но, домаќинот успеа да изедначи на 7:7. Сепак Вардар со нова серија од 4-0 повторно дојде до водство и на полувреме беше 17:12 за македонскиот претставник.
На стартот од вториот дел Вардар поведе и со 8 разлика (21:13), а во финишот на дуелот оваа предност ја имаше и во уште два наврати што беше најава на новата победа.
Вукашин Воркапиќ и Жоао Педро да Силва кај Вардар по шест пати се запишаа во листата на стрелци и беа најефикасни кај победничката екипа.
На вториот дуелот од групата Бенфика – Кристијанстад 22:30.
Вардар го освои првото место со 8 бодови, Мелсунген е втор со 6, третото место му припадна на Кристијанстад со 6, а Бенфика е последна со 4 бодови.