Вардар убедлив против Татран Прешов
Редакција10 фев 2023

Македонскиот ракометен првак „Вардар 1961“ ја забележа втората победа во регионалната СЕХА лига, откако вечерва во Скопје триумфираше над словачки „Татран Прешов“ со убедливи 29-24 (15-10) во рамки на 3. коло во групата Б.
Македонскиот состав му се реваншираше на словачкиот тим за поразот на гостински терен во воведниот натпревар во групната фаза (23-27) и со втората победа го презеде лидерското место во групата.
Најефикасен во редовите на црвено – црните беше Јан Чувара со пет погодоци.
Во завршниот натпревар од групната фаза „Вардар 1961“ на 28. овој месец во Белград му гостува на Партизан
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



