SportM
Фудбал

Вечниот непријател на Јуве: На крајот на сезоната повторно ќе ја освојат титулата

Д М18 дек 2019
Вечниот непријател на Јуве: На крајот на сезоната повторно ќе ја освојат титулата

„И оваа сезона, екипата на Јувентус повторно ќе ја освои титулата во Серија А“.

Ова беше коментарот на чешкиот тренер Зденек Земан, познат како доживотно анти-Јувентин.

Сепак, тој ја признава супериорноста на „Бјанконерите“ во однос на ривалите.

„Постојат некои екипи кои сонуваат за титула, како Рома и Лацио, но тие се далеку зад Јувентус. Шампионите на Италија имаат тим со многу шампиони што ја прават разликата.

„Некаде во трката за титули би можел да биде Интер, да се натпреварува со Јувентус за титулата, но екипата на Сари е пред сè. Во сите правци“, рече Земан.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.