Вечерва ФИФА и го зададе последниот удар на Русија, а беше донесена одлука за натпреварот Шкотска – Украина

Светската фудбалска федерација (ФИФА) вечерва донесе одлуки во врска со дополнителните квалификации за Светското првенство во Катар.
Натпреварот меѓу Шкотска и Украина, во кој војната трае веќе 12 дена по руската инвазија, ќе биде одложен за јуни. Ова е полуфинале од плеј-офот за Светското првенство.
Што се однесува до Полска, таа автоматски се пласираше во финалето на плејофот, па ќе се бори за Светското првенство во Катар во финалниот меч против подобриот од дуелот Шведска-Чешка.
Полска требаше да игра во Москва на 24 март, но Русија сега дефинитивно е отпишана, па Полјаците на 29 март во Хорзов ќе бидат домаќини или на Шведска или на Чешка, се разбира, во зависност од тоа кој ќе победи на тој меч.
Оваа одлука ФИФА ја потврди вечерва, но Полјаците стравуваат дека таа сепак може да се промени бидејќи Русија своите права ги бара преку Судот за спортска арбитража (CAS).
Челниците на ФИФА ги донесоа одлуките по консултации со УЕФА и учесничките федерации на членки на ФИФА.



