SportM
Фудбал

Вечерва игра Барселона, но Чави нема да биде на клупата поради некоја бизарна причина

Д М19 јул 2022
Вечерва игра Барселона, но Чави нема да биде на клупата поради некоја бизарна причина

Барселона моментално е на претсезонска турнеја во Соединетите Американски Држави, а вечерва во рамките на подготовките ќе ги одмери силите со МЛС тимот Интер Мајами.

 

Фудбалерите на Барселона во сабота отпатуваа за САД каде ќе одиграат четири подготвителни натпревари. Првиот е на програмата вечерва од 2 часот по средноевропско време против Интер Мајами, а потоа следуваат дуелите со Реал Мадрид, Јувентус и Њујорк Ред Бул.

Роберт Левандовски треба да заигра првпат во дресот на Барселона, но се верува дека тоа Полјакот ќе го направи за неколку дена против Реал или Јувентус, а не вечерва на дуелот со Интер.

 

Она што е сигурно е дека тренерот на Барселона, Чави Ернандез вечерва нема да биде на клупата на Барселона, а причината е што имаше проблеми со визата.

 

Тој мораше да побара посебна дозвола за влез во САД бидејќи претходно трипати патувал во Иран како играч на Ал Сад. Чави затоа подоцна ќе биде додаден во тимот, а прашање е кога ќе пристигне во САД.

 

Бидејќи проблемот со документите се уште не е решен, се верува дека Чави ќе го пропушти првиот натпревар на Барселона на американско тло.

 

Интересно, 45-годишниот Оскар Ернандез, братот на Чави, ќе ја води Барселона против Интер Мајами во отсуство на Чави.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.