Фудбал
Вечерва Реал Мадрид против Аталанта во Суперкупот на Европа, Мбапе подготвен
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, пред натпреварот од Суперкупот на УЕФА против Аталанта изјави дека напаѓачот Килијан Мбапе е подготвен за игра.
– Немавме многу време да се подготвиме, но сме во одлична форма, а исто така и Килијан Мбапе. Тој пристигна во Мадрид во добра состојба и веднаш се адаптираше. Килијан е подготвен да игра, како и сите други. Од моментот кога пристигна, тој покажа навистина одлични квалитети, го цитира Анчелоти прес-службата на УЕФА.
Реал Мадрид вечер од 21 часот ќе игра против Аталанта во Суперкупот на УЕФА. Натпреварот ќе се одигра во Варшава.
Дваесет и петгодишниот Мбапе ова лето дојде во Реал Мадрид од ПСЖ како слободен играч. На 7 август го одржа првиот тренинг со мадридскиот тим.