SportM
Фудбал

Веќе се воспоставени контакти: Барселона ја враќа заборавената ѕвезда на големата сцена?

Д М11 јан 2022
Веќе се воспоставени контакти: Барселона ја враќа заборавената ѕвезда на големата сцена?

Барселона вчера успеа да го регистрира Феран Торес, но зимскиот преоден рок за Каталонците се уште не е завршен.

Каталонскиот клуб успеа да најде место во буџетот за регистрација на Феран откако Самуел Умтити потпиша нов договор и се согласи на значително помала плата.

Наскоро треба да се официјализира позајмицата на Филипе Кутињо во Астон Вила, по што Барселона ќе може да доведе уште некое засилување.

Шпанските медиуми утринава објавија дека бразилскиот играч за врска Оскар кој веќе неколку години игра во Кина е на мета на Барселона.

Наводно, Барселона веќе го контактирала Оскар и му понудила посета на каталонскиот клуб каде би требало да биде замена за Кутињо. Оскар веќе пет години игра во дресот на Шангај СИПГ, но се чини дека би можел да се врати во Европа.

Бразилецот пред пет години ги шокира сите кога за 60 милиони евра замина од Челзи во Кина, а на многумина не им беше јасно зошто на врвот на кариерата заминува од еден од најдобрите европски клубови.

Оскар е убедливо најплатениот играч во Шангај, но сега има можност да се врати на големата сцена, а дали ќе ја прифати понудата на Барселона останува да видиме.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.