SportM
Фудбал

Величествениот Порто се изедначи со Милан, но еден клуб е речиси невозможно да се надмине

Д М17 апр 2022
Величествениот Порто се изедначи со Милан, но еден клуб е речиси невозможно да се надмине

Порто синоќа го совлада Портимоненсе со 7:0 во натпреварот од 30. коло на португалскиот шампионат и со 82 бода е убедливо прв на табелата.

Порто има три бода повеќе на табелата од Спортинг, кој вечерва во градското дерби ја пречекува Бенфика, а на четири кола пред крајот и понатаму е најблиску до нова титула.

Овој одличен тим има дури 26 победи со четири нерешени и се уште е непоразен, а нивната одлична серија трае од 30.08.2020 година.

Сега успеаја да се изедначат со Милан бидејќи 58 натпревари по ред се без пораз. „Росонерите“ имаа таква низа од мај 1991 година до март 1993 година, под водство на легендарните тренери Ариг Саки и Фабио Капело.

Втор на таа листа е Селтик со 62 врзани меча без пораз, од ноември 1915 до април 1917 година, додека без бораз Стеауа од Букурешт, беше непоразена во Романија од август 1986 до септември 1989 година.

Со 104 меча во низа без пораз, поранешниот европски првак е далеку над другите, а прашање е дали некој ќе успее да го надмине овој подвиг на Романците. Порто може да го претекне Милан на следниот натпревар, Селтик може да успее, но речиси е невозможно да се стигне до Стеауа и нејзиниот тим.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.