Connect with us

Фудбал

Великанот остана без Халанд поради два милиони евра: „Сега е невозможна мисија да игра овде“

Ерлинг Халанд во моментов е еден од најдобрите играчи во светот.

Одличниот Норвежанец експлодираше во дресот на РБ Салцбург на почетокот на сезоната 2019/2020, а потоа отиде во Борусија Дортмунд за „само“ 20 милиони евра, каде што продолжи немилосрдно да ги тресе противничките мрежи,

Пред да дојде во Салцбург, Халанд играше за норвешкиот гигант Молде. Многу големи тимови се распрашуваа за неговите услуги, а Јувентус беше најблиску да го доведе во своите редови.

Меѓутоа, тогашниот директор на клубот, Бепе Марота, сметаше дека два милиони евра се премногу за тинејџер.

Денес, извршниот директор на големиот ривал на Јувентус Интер многу жали за тимот.

“Една од моите најголеми грешки е Халанд. Имав шанса да го донесам во Јувентус од Молде за два милиони евра. Беше многу блиску”, рече Марота, додавајќи:

„Сега е невозможно да се види Халанд во Серија А. Нема шанси италијанските клубови да го доведат следното лето“, смета Марота.

Клаузулата за отштета на Халанд за следното лето е 70 милиони евра, но заинтересираните клубови ќе треба да инвестираат многу повеќе пари.

Норвешкиот фудбалер наводно бара плата од 50 милиони евра годишно, додека агентот Мино Раиола исто така сака огромна бројка за неговите услуги. Тоа изнесува дури 40 милиони евра.

Халанд е најмногу поврзан со ПСЖ, Манчестер Сити и Реал Мадрид и ќе видиме каде на крајот ќе заврши неверојатниот фудбалер.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама