Венгер беше советуван да не го носи Мустафи, но тој не слушаше

Раководството на Арсенал во изминатите неколку години имаше многу промаши со играчите што ги донесоа во клубот.
Навивачите на Арсенал сметаат дека Шкодран Мустафи, кој сè уште е играч на лондонскиот тим, е еден од најголемите промашувања.
Овој фудбалер имаше многу грешки, што директно влијаеја на резултатите на Арсенал, но тој успеа да остане во клубот.
Денес, „The Athletic“објави дека луѓето задолжени за препорака на играчи го советувале Венгер да не го носи Мустафи и Лукас Перез, но Французинот не ги послушал.
Тој се определи за ризик, соведувајќи ги овие фудбалери кои на крајот се покажаа како големи промаши на Арсенал.
Венгер се коцкаше, а коцкањето не успеа. Перез не остана долго во Арсенал додека Мустафи е сеуште е таму, но прашање е колку долго ќе остане во Лондон.



