SportM
Фудбал

Верати: Размислував да потпишам за Барселона

Д М15 окт 2019
Верати: Размислував да потпишам за Барселона

Марко Верати игра во дресот на ПСЖ уште од 2012 година, откако од Пескара доби 12 милиони евра.

Италијанецот оттогаш има запишано 288 настапи за парискиот клуб и има постигнато 8 гола, а неколку пати во последните години се пишуваше за неговото евентуално заминување.

Верати сега откри дека размислувал да ја прифати понудата на Барселона, кого бил контактиран во 2016 година, но до трансфер не дошло.

„Барселона ми предложи нешто поразлично за мене и нормално беше за мене да размислувам некое време“, изјави Врарати за „РМЦ Спорт“ и „Л’Екипе“.

Верати имаше многу проблеми со животот во Париз, а нај повеќе за тоа придонесоа медиумите.

„Фудбалерот не го живее својот живот различно од другите. Можам да излезам како и секој друг. Ако имам слободен ден, тогаш излегувам, но имаше период кога се препознавав секој пат кога ќе ја напуштев куќата, па кружеа гласини од типот ‘Марко Верати излегува секоја вечер’. Тоа не се случило“, додаде играчот на ПСЖ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.