SportM
Фудбал

Вердер испадна од Бундеслигата, Левандовски го собори рекордот на Герд Мулер

Д М22 мај 2021
Вердер испадна од Бундеслигата, Левандовски го собори рекордот на Герд Мулер

Се одигра последното коло во Бундеслигата.

Најголемите прашалници беа во врска со борбата за опстанок, а Вердер оди во втора лига.

Тимот од Бремен испадна од Бундеслигата. Тие беа поразени од Гладбах со 2:4, а Келн го совлада Шалке со 1:0 и Вердер ќе биде во Цвајт, додека Келн ќе игра со третопласираната екипа на Цвајт.

Арминија од Билефелд победи со триумф против Штутгарт 0:2.

Последното место кое водеше кон Европа му припадна на Унион Берлин, кој го совлада РБ Лајпциг со 2:1 и ја зазеде седмата позиција што води во конференциската лига на УЕФА.

Баерн го совлада Аугсбург со 5:2, а Роберт Левандовски го постигна петтиот гол на мечот и со тоа го сруши рекордот на легендарниот Герд Мулер и ја заврши сезоната со 41 погодок.

Покрај Баерн, во ЛШ ќе влезат РБ Лајпциг, Борусија Дортмунд и Волфсбург. Ајнтрахт Франкфурт и Баер Леверкузен ќе се приклучат на Лигата на Европа, а Унион Берлин ќе се приклучи на споменатата конференциска лига на УЕФА.

Резултати од 34. коло.

Баерн – Аугсбург 5:2

Дортмунд – Леверкузен 3:1

Ајнтрахт – Фрајбург 3:1

Келн – Шалке 1:0

Хофенхајм – Херта 2:1

Штутгарт – Арминија 0:2

Унион Берлин – РБ Лајпциг 2:1

Вердер – Борусија М. 2:4

Волфсбург – Мајнц 2:3

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.